Тој истакна дека европските разузнавачки служби сега само можат да чекаат да видат колкумина од нив ќе се вратат во својата татковина.
– ИД е под притисок во Мосул и Рака. Нејзини припадници од белгија се ангажирани во одбрана на тие упоришта на ИД. Мора да бидеме свесни дека таму нема 200, туку меѓу 3.000 и 5.000 Европејци, нагласи белгискиот министер.
Жамбон додаде дека сите разузнавачки агенции се обидуваат да ја следат ситуацијата и да разменат информации.
– Доколку се случи бран на враќање назад, мора да бидеме подготвени, порача Жамбон.