Заменик-градоначалникот на Херсон во притвор, осомничен е за соработка со Русија

Украинското Државно истражно биро објави дека го привеле заменик-градоначалникот Херсон под обвинение за соработка со Русија.

Весникот „Украинска правда“ го идентификуваше уапсениот како Владимир Пепел.

„Службениците на ДИБ во тесна соработка со обвинителите го приведоа заменик-градоначалникот Херсон. Тој е обвинет за колаборационизам“, соопшти бирото на својот профил на Телеграм.

На уапсениот му се заканува затворска казна до 12 години доколку биде прогласен за виновен.