
СДСМ вчера одржа митинг во Тетово, а на истиот се појави и заменик народниот правобранител.
Станува збор за заменикот народен правобранител Соња Трифуновска која беше избрана во собранието од 63 пратеника во јануари минатата година.
Она што е поскандалозно е тоа што таа на митингот се појавила со нејзините две малолетни деца, а истите се фотографирале и со премиерот Зоран Заев.
Со ова, заменикот народен правобранител го прекршува членот 8 од Законот за народен правобранител во кој се вели дека:
„Функцијата народен правобранител е неспојлива со вршење на друга јавна функција и професија или со членување во политичка партија“.
