Циклонот „Бруно“ во поголем дел од државава температурите на воздухот ги спушти дури за околу па и за повеќе од 10тина степени и услови врнежи, грмежи и локално невреме.
Сепак во текот на денешниот празничен ден ќе имаме повеќе сончеви периоди и помалку облаци над Македонското небо, односно времето ќе биде сончево со умерена облачност а ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен северен ветер додека претежно во источната половина од државава ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.
Максималните температури на воздухот ќе бидат во пораст и најмногу ова ќе се осети во северната половина на државава каде и најмногу се осени освежувањето на времето и падот на температурите и истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.
Температурите ќе бележат тенденција на пораст и во текот на следните денови и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.
Услови за локална нестабилност повторно ќе има особено во петок.