Заминувањето на Заев не е заминување на заевизмот, смета ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев вели ќе замине од функцијата претседател на Влада и претседател на СДСМ, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заминувањето на Заев не значи и заминување на заевизмот. Повеќе од очигледно е дека Заев сака да постави негови пиони кои ќе ги спроведуваат неговите политики, или кои ќе продолжат со криминалот и корупцијата. Заев со тоа само ги потценува граѓаните, ама со тоа тоне државата.Неговото заминување не значи излез од длабоката економска, енергетска, како и здравствена криза. Со Заев и неговите луѓе Македонија само назадува, потенцираат од партијата.

Од таму додаваат дека затоа спроведување на предвремени парламентарни избори е решение на проблемите на граѓаните и државата.