Занаетчиите побараа поддршка од Владата и од четвртиот сет економски мерки

Занаетчиите денеска побараа да бидат вклучени во креирањето на економските политики и мерки на Владата. На средба со вицепремиерот Фатмир  Битиќи и министерот за економија Крешник  Бектеши тие , како што рекоа, очекуваарт да бидат вклучени во нивиот сет на мерки.

Со претходните сет на мерки занаетчиите беа опфатени со мерките за субвенционирање на минималната плата во висина од 14.500 денари.

Вицепремиерот Битиќи и министерот Бектеши ги информираа занаетчиите дека во наредниот, четврт сет на Владини мерки, ќе се обезбеди поддршка за сите оние граѓани и стопанственици кои имаат потреба од дополнителна поддршка, а воедно ќе се обезбеди и поддршка за компаниите со кои ќе се овозоможи нивен побрз и подинамичен развој, што е приоритет на новите Владините политики за новата развојна економија.

Министерот Бектеши им соопшти дека покрај овие субвенции занаетчиите можат да користат и пари од  буџетот на Министерството за економија, преку Програмата за конкурентност иновации и претриемништво за поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија и занаетчиство. Со оваа програма се поддржани околу 100 компании и неколку занаетчиски комори.