Занети ќе се збогува со Џузепе Меаца

Дуелот против големиот ривал од Рим, тимот на Лацио, ќе биде последниот натпревар кој легендарниот капитен на Интер, Хавиер Занети, го има одиграно во својата богата кариера на “Џузепе Меаца”.

Аргентинскиот интернационалец пред неколку дена и официјално потврди дека на крајот од актуелната сезона ќе стави крај на својата фудбалска кариера, која ќе ја памети по трофеите кои ги освои во националниот шампионат, во Купот на Италија, но најмногу по пехарот кој пред неколку сезони го освои во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампионите.

Денешниот дуел од 37. коло во италијанската Серија А е од големо значење за двата тима, за домаќинот кој со евентуалната победа и математички ќе си осигура место кое води во групната фаза од Лигата на Европа, додека гостинот само со освоените три бода ќе остани во игра за едно од двата места кои водат во фудбалска Европа.
Далеку помало фудбалско внимание ќе привлече вториот саботен дуел, пресметката помеѓу екипите на Верона и Удинезе.