Занети прво фудбалер на Челзи, а потоа помошник на Мурињо

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо повторно е во центарот на фудбалското внимание но сега поради сензационалната информација дека сака во новата клупска сезона на располагање да ги има услугите на легендарниот капитен на италијанскиот калчо гигант Интер, Хавиер Занети.

Англиските медиуми ја пласираа информацијата дека Португалецот сака повторно да оствари соработка со големиот пријател од времето кога беше тренер на Интер.

Освен примамливата понуда, последната сезона во својата кариера да ја одигра во дресот на Челзи, Занети е информиран дека на крајот од истата сезона ќе биде именува за прв помошник на контроверзниот менаџер.