Западните лидери ги осудуваат „нелегалните“ руски избори, сојузниците му честитаат на Путин

Пријателите и сојузниците на рускиот претседател Владимир Путин му ја честитаа надмоќната изборна победа, но западните лидери ги осудија, како што рекоа „нелегалните избори“, објавија во понеделник светските агенции.

Според излезните анкети, Путин го освои петтиот претседателски мандат со рекордни речиси 88 отсто од гласовите. Тоа е негова рекордна победа откако пред две ипол децении се појави во политиката, а беше навестувана со бројните анкети во предизборниот период кои покажуваа и дека Русите овојпат помасовно отколку порано ќе излезат на гласачитечките места.

Високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел тврдеше без докази дека изборите „не биле слободни и фер и се базирани на репресија и заплашување“. Борел додаде дека 27-те земји од ЕУ ќе усвојат заедничка изјава за изборите подоцна во понеделник.

Реизборот на Путин според колективниот Запад кој од 2014 година кога го поддржа превратот во Киев и воведе илајдници санкции протови Русија, наводно „се случил во контекст на репресија врз граѓанското општество и не беа испочитувани условите за слободни и демократски избори“, како што наведе во соопштението на француското Министерство за надворешни работи. Тоа ја пофали и „храброста на многу руски граѓани кои мирно протестираа против овој напад врз нивните основни политички права“, иако се работи за само неколку илјади луѓе, главно активисти на невладини организиации финансисрани од западните влади, кои изразија бунт низ целиот свет вклучително и во Русија.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека „изборите не биле ниту слободни ниту фер“. „Продолжуваме да работиме за праведен мир што ќе ја наведе Русија да стави крај на својата агресивна војна против Украина во согласност со меѓународното право“, се додава во неговото соопштение.

Портпаролот на Белата куќа рече дека изборите „очигледно не биле слободни или фер со тоа што Путин ги затвора политичките противници и ги спречува другите да се кандидираат против него“, додека британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон објави на X дека „слободните и фер избори не изгледаат вака“. .

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок изјави дека изборите во Русија „не се вистински избори“. „Руските избори беа избори без избори“, рече таа на почетокот на состанокот на европските министри за надворешни работи.

„Изборната победа на Путин нема легитимитет бидејќи народот немаше слобода на избор, изјави во понеделникот литванскиот министер за надворешни“ работи Габриелиус Ландсбергис. „Во оваа атмосфера на неслобода, дефинитивно не може да има избор“, рече Ландсбергис пред состанокот со колегите министри од ЕУ во Брисел.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече Путин „диктатор“ кој е „пијан од власта“. „Нема зло што тој нема да го направи за да ја прошири својата лична моќ“, рече Зеленски.

Во меѓувреме, полското Министерство за надворешни работи соопшти дека е „невозможно да се гласа слободно и демократски“ на руските избори. Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски ги нарече изборите „фарса и пародија“.

Меѓутоа, за разлика од политичарите од таканаречениот колективен Запад, мнозинството замји во светот немаа забелешки за руските избори и очекуваниот исход од нив.

Така, кинескиот претседател Кси Џинпинг испрати порака во која му честиташе на Владимир Путин за неговиот реизбор за претседател на Русија, објавија во понеделникот кинеските државни медиуми.

„Цврсто веруваме дека под стратешкото водство на претседателот Кси Џинпинг и претседателот Путин, односите меѓу Кина и Русија ќе продолжат да напредуваат. Кина и Русија се меѓусебено најголеми соседи и сеопфатни стратешки партнери во новата ера“, изјави за новинарите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан

Севернокорејските државни медиуми објавија дека Ким Џонг-ун му испратил порака на Путин во која му ја честитал победата

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси му честитал на својот руски колега за неговата „решавачка“ победа на претседателските избори, јавуваат државните медиуми.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро рече дека „нашиот постар брат триумфираше, што е добар знак за светот“.