
На инфективната клиника во Белград е примен пациент од Краљево со симптоми на западнонилската треска.
Сомневањата на епидемиолозите ги алармираа градските власти во Краљево каде што вчеравечер почна прскањето против комарци.
Бројот на комарци не бил поголем во последните 20 години, велат од локалните ветеринарни служби. За прв пат ќе се проверува и присуството на комарци заразени со вирусот Западен Нил и кај домашните животни.
Претходно вонредна состојба, поради огромниот број комарци е прогласена во Панчево , како и во Ковин.