Западното оружје што го запленила руската војска ќе им биде дадено на борците во Донбас

Рускиот претседател Владимир Путин ви петокот одобри оружјето од западен тип кое руските војски го заробиле во Украина да им биде предадено на силите на двете самопрогласени „народни републики“ во Донецк и во Луганск, како и да им се овозможи на 16.000 доброволци од Блискиот исток да се приклучат на бунтовничките сили во Донбас.

Овој потег, како што се проценува на западот, ќе ѝ овозможи на Русија да распореди искусни платеници од земји, како што се Сирија, Ирак…., со што ќе ги намали дополнителните рузици од руски воени жртви.

На состанокот на рускиот национален Совет за безбедност, министерот за одбрана Сергеј Шојгу, рече дека 16.000 доброволци до Блискиот исток се подготвени да се борат во редовите на проруските бунтовници во Донбас во источна Украина. Шојгу рече дека офанзивата, којашто официјална Москва ја нарекува „специјална воена операција“, се одвива според планот пред да бара одобрување од врховниот командант за ангажирање на доброволци од Блискиот исток.

„Ако гледате дека постојат такви луѓе кои сакаат самите а не за пари да дојдадат да им помогнат на луѓето кои живеат во Донбас, тогаш треба да им го дадеме тоа што го сакаат и да и помогнеме да дојдат во зоната на судирот“, изјави Путин на средбата во Кремљ.

„Кога станува збор за собирање платеници од целиот свет и нивно испраќање во Украина, гледаме дека тие (од Западот) не се кријат, западните спонзори на Украина, украинскиот режим, тие не се кријат, тоа го прават отворено, не ги почитуваат сите норми на меѓународниот закон“, додаде Путин.

Министерто Шојгу, исто така, рече дека противтенковските ракети од западно производство „Javelin“ и „Stinger“, коишто ги заробила руската војска во Украина, треба да им се предадат на силите на „народните републики“ во Донецк и во Луганск, заедно со другото оружје како што се противвоздушните одбранбени системи МАNPADS.

„Кога станува збор за испораките на оружје, особено од западно производство, кое падна во рацете на руската војска, секако дека ја поддржувам можноста таа да им се предаден на воените единици на Лиганската и Донецката народбна република. Ве молам сторете го тоа“, му рече Путин на Шојги во разговорот емитуван на руската телевизија.

Шојгу реќе дека западното оружје влегува во Украина „апсолутно неконтролирано“, како и дека руската армија планира да ја зајакне своата руска граница, откако е забележано трупање на западни воени единици на границата на Русија.

„Генералштабот работо на планот за јакнење на нашите западни граници, вклучително, секако, и со новите модерни системи. Тоа е речиси завршено“, рече рускиот министер за одбрана.

Претседателот Путин рече дека прашањето на одоговорот на потезите на земјите од НАТО треба одвоено да биде дискутирано.