Западот врши притисок на новоизбраниот украински претседател Петар Порошенко да почне реформи во земјата во време кога напнатоста на сепаратистичкиот исток на земјата не се смирува.
Украинската војска јавува дека ја повторно ја воспоставила контролата над аеродромот во Доњецк после судирите со проруските бунтовници во кои загинаа 40 луѓе, воглавном од страната на бунтовниците.
Американскиот претседател Барак Обама синоќа го повикал Порошенко по телефон за да му ја честита победата на изборите и да му пренесе потполна поддршка од САД, соопшти Белата Куќа и најави состанок на двајцата претседатели набрзо.
Претседателот на САД го истакнал значењето на брзите реформи во Украина за да се развие одржувањето на стопанство и да се создаде поволна клима за инвестиции како, а го потенцирал и значењето на формирање на одговорна влада која ќе ги исполни очекувањата и ќе одговори на загриженоста на сите Украинци, навела Белата Куќа.
Истовремено и 28-те европски претставници од Брисел го охрабрија Порошенко и власта во Киев „брзо“ да отпочнат со реформи. Тие исто така ја повикаа Москва да отпочне отворен и искрен дијалог со Киев за да се реши кризата.
Францускиот претседател Франсоа Оланд, рече дека ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин на 6- ти јуни во Франција по повод церемонијата на одбележување на искрцавање на сојузниците во Нормандија во Втората Светска војна, и рече дека Путин сега треба да го признае украинскиот претседател и да делува кон смирување на ситуацијата во Украина.
Порошенко денес ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Таа вечер ќе приреди вечера на која покрај новоизбраниот украински претседател, ќе присуствува и украинскиот премиер Арсениј Јацењук, како и претседателите на Грузија и Молдавија, Григориј Марвелшвили и Николај Тимофти.
Порошенко во интервју за денешното издание на германскиот весник „Билд“ ветил дека ќе стави крај на „војната“ во Украина.
„Ние сме во воена ситуација на истокот на Украина,Русија го окупираше Крим и владее голема нестабилност. Мораме да реагираме“, рекол Порошенко во интервју за германскиот лист кој го дал заедно со боксерскиот шампион и идниот градоначалник на Киев, Виталиј Кличко.
„Ќе ставиме крај на тој терор, се води вистинска војна против нашата земја“, рекол Порошенко.
На истокот на Украина , каде што две области, Доњецк и Луганск, прогласија неависност после одржаните референдуми, украинските власти спроведуваат, како што самите ја нарекуваат, „анти терористичка операција“ против руските сепаратисти кои заземаа повеќе државни згради во тие области.