Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека западните земји се подготвени да ги зајакнат санкциите против Русија.
– Овие санкции имаат влијание и можат да се почувствуваат, а ние мора да продолжиме со нив бидејќи имаат застрашувачки ефект, истакна Макрон на прес-конференција по Самитот на лидерите на НАТО и на Г-7 во Брисел.
Тој предупреди и на претстојната криза со храната, бидејќи и Украина и Русија се големи извозници на основни прехранбени производи, а нивното производство е во голема мера загрозено поради војната.