Западот предводен од Америка поткопува сѐ поврзано со Русија, Словените и православието

Западот на чело со САД почна намерно да уништува сѐ што е поврзано со Русија и православното христијанство, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

На комеморативниот собир посветен на 140-годишнината од Империјалното палестинско православно друштво, Лавров истакна дека во последните години „на иницијатива на Американците, кои активно манипулираа со Цариградскиот патријарх, беше преземен курс за уништување на православното христијанство. ”

„Воспоставена е квази структура наречена Православна црква на Украина, која е дело на оние кои се обидуваат да ги распарчат Сириската православна црква и СПЦ“, рече Лавров.

Шефот на руската дипломатија додаде дека сето тоа е дел од „актуелниот курс на Западот кон поткопување на сѐ што е поврзано со Русија, Словените и православното христијанство“.

„Овој курс е толку очигледен и тешко е да се прикрие“, рече Лавров.