Западот не престанува со подготовките за отворени вооружен конфликт со Русија, предупреди во петокот секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев, кој учествува на 17-годишниот состанок на колегите од земјите од Шангајската организација за соработка кој се одржува Ташкент.
„Настаните околу Украина покажуваат дека западњаците се обидуваат да балансираат на работи меѓу хибридните дејствија и отворениот вооружен судир со нашата земја, за што не престануваат да се подготвуваат“, рече Патрушев, кого го цитира агенцијата РИА.
Посочи дека ваквата намера Западот и официјално ја потврдил на доктрината којашто НАТО ја донеси на јунскиот самит во Мадрид. Тогаш Алијансата најави дека ќе ги зголеми своите сили за брза реакција од 40.000 на 300.000 војници на источното крило, кое ги вклучува границите на Полска со Украина и Белорусија, сојузникот на Русија
Челниците на 30-те земји членки во Мадрид го усвоија Стратешкиот концепт за наредните десет години, во кој се дефинирани безбедносните предизвици со коишто наводно НАТО се соочува. Русија е опишана како „најголема и директна закана за безбедноста на сојузниците и за мирот и безбедноста на ероатлантското подрачје“. Во претходниот Стратешки концепт усвоен во 2010 година, Русија беше дефинирана како стратешки партнер на НАТО. Во Стратешкиот концепт првпат како предизвик се споменува и Кина.
„Американците се обидуваат да преземат слични дејствија и против нашите кинески партнери, што се покажа со неодманешната американска провокација на Тајван“, додал Патрушев.
Алудира на неодамнешните посети на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, и по само неколку дена на група конгресмени на Тајван, што за Кина е нарушување на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет бидејќи островот го смета за своја одметната покраина.
Пекинг договори со континуирани масивни воени маневри околу Тајван со боеви гаѓања и лансирање балистички проектили како и често минување на кинеските борбени авиони и бродови на ткн „средишна линија“ во Тајванскиот теснец која се смета за неформална граница.