Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека во тек се настојувања „да се скршат Србите“ и дека поради тоа се обидите во Генералното собрание на Обединетите да се изгласа резолуција за геноцид во Сребреница, додавајќи дека претседателот на Република Српска Милорад Додик е единствениот во Босна и Херцеговина кој се бори за дејтонските принципи.
„Целта да се скршат Србите сѐ уште трае. Пред десет години се обидуваа таква резолуција да донесат во Советот за безбедност на ОН. Ние вложивме вето. Невозможно е да се објасни од што се раководат европејците додека ја туркаат оваа идеја, освен тоа дека Србите се премногу своеглави“, изјави Сергеј Лавров.
Оцени дека Србите се однесуваат „премногу самостално“ бидејќи не сакаат да и воведат санкции на Русија и не сакаат Косово да стане дел од меѓународните организации.
За политиката на високиот претставник на меѓународната зедница за БиХ, Кристијан Шмит кого Република Српска не го признава за висок претставник Лавров рече дека е тажно, затоа што станува збор за човек кој ја обвинува Русија и други земји за кршење на повелбите на ОН, а всушност тоа што тој го прави е директно поткопување на резолуциите на Советот за безбедност.