Околу 22.50 часот синоќа на улицата „Ѓорѓи Наумов“ непознато лице му го запалило возилото на битолчанец.
Според податоците од полицијата, се работи за патничко моторно возило „форд фокус“ во сопственост на 39-годишниот К.М. кое непознат сторител му го полил со запалива течност и го запалил, предизвикувајќи материјална штета.
Полицијата работи на случајот.