![80341206_1012248049139181_649550530061795328_n](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/80341206_1012248049139181_649550530061795328_n.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Луксузен автомобил марка „БМВ“, е запален на паркингот на трговскиот центар „Зебра“, утрово околу 2 часот.
„Во СВР Скопје, околу 2 часот синоќа било пријавено дека на улицата „Васил Ѓоргов“ настанал пожар на патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Скопје. Повредени лица нема. Увидот е во тек“, информираа од МВР.
Изминатиов период, прилично често се случуваат вакви ситуации со опожарување на возила, не само во Скопје, туку и во другите делови од државава.