Запален автомобил во движење причина за прекин на сообраќајот кон граничниот премин Ново Село

Автомобил во движење се запалил на магистралниот пат Струмица – граничен премин Ново Село, поради што сообраќајот на овој патен правец беше во целосен прекин еден час, а во инцидентот нема жртви.

Автомобилот се запалил во 19,16 часот, поради што сообраќајот на овој пат беше во целосен прекин. Според Трајанова, од 20,10 сообраќајот повторно е нормализиран.

Опожарениот автомобил бил изгаснат со интервенција на противпожарната единица од Струмица, а полицијата го обезбедувала местото на пожарот. Причините за пожарот засега не се познати.

Од вторникот вечерта и во текот на изминатата ноќ во земајта изгореа неколку автомобили, автомобилот во кој се возел претседателот на Стопанската комора на Македонија, автомобилот на обвинителот Гаврил Бубевски и уште неколку автомобили во Чаир.