Запален камион потпали наплатна куќичка кај Романовце

Запалено товрно возило предизвикало пожар на објект на наплатната рампа на автопатот Скопје – Куманово, при што за среќа нема настрадани, инвформираше во саботаа Министерството за внатрешни работи.

Околу 13,20 часот во петокот во кумановската полиција било пријавено дека на наплатната рампа на автопат Скопје – Куманово во кумановското село Романовце, во момент на сопирање на наплатната рампа од засега неутврдени причини настанал пожар на камион од мрата „мерцедес” со гевгелиски регистерски ознаки на кое била прикачена приколка ладилник, а управувано од 62-годишниот С.К. од селото Удово.

Пожарот од возилото и приколката за кусо време се проширил и зафатил дел од наплатна барака и покривната конструкција од наплатната рампа. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Куманово,а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.