Два автомобила биле запалени вчера во Скопје и во Штип, информираше МВР.
Според полицијата, вчера околу 2 часот на булеварот АСНОМ во Скопје било опожарено патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна здравствена установа. Во пожарот била опожарена десната задна страна. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Увид ќе се врши во текот на денот.
Вчера во 1.30 часот во дворот од куќа на улицата Гоце Делчев во велешкото село Отовица, од засега непознати причини било опожарено патничко возило „мерцедес Ц 180“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на С.И. (64) од Велес. Од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица – Велес пожарот бил изгаснат. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.