
На 04.10.2022 во 02.22 часот во Полициска станица Ѓорче Петров било пријавено дека во с.Волково настанал пожар на патничко возило „смарт“, сопственост на Л.М.(33) и патничко возило „сеат толедо“, сопственост на М.Ѓ.(54) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, кои биле делумно опожарени.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а повредени лица нема.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.