Запалени седум обложувалници во БиХ

Непознати сторители со Молотови коктели запалиле ноќта кон петокот дури седум објекти на обложувалници во гратчето Ускопље/Горњи Вакаф, соопшти министерството за внатрешни работи на Среднобосанската жупанија.

Во полицијата околу 2,40 часот во петокот било пријавено дека немознати лица во седум објекти во кои се наоѓаат спортстки обложувалници фрлеле запалливи материи и предизвикале пожар, како и дека на објектите е предизвикана голема материјална штета.

Истрагата за овој несекојдневен инцидент со напад врз објекти за обложување ја преземало локалнот ообвинителство, а придпаднциите на криминалистичката полиција преземаат активности за расветлувањето за сторители и мотивите на нападот.

Медиумите наведуваат дека се запалени објектите на две кладилници „Спортплус“ и „Спортплус Вин“.

Во Федерацијата Босна и Херцеговина во минатата 2019 година, според податоците од Даночната управа, на обложување се уплатени околу 860 милиони евра. Покрај тоа, чести се критиките на општествените и верските челници за овој порок.