Запленет имотот на кандидатот за градоначалник на Истамбул

Турските власти г заплениле имотот на главниот кандидат за градоначалник на Истанбул, на опозициската Републиканска народна партија. Апсењето се случуа во период на подготовка за локалните избори во март, пренесе „АФП“.

Турскиот Фонд за осигурување на штедните депозити ја објави одлуката доцна во синоќа, откако Мустафа Сариѓул не го вратил кредитот во износ од 2,6 милиони евра, земен во 1998 година, објави весникот „Хуриет“.

Во своето прво обраќање по одлуката Сариѓул го оценил овој потег како класична провокација.