Агенцијата за сузбивање на корупцијата во Казахстан извести во средата дека запленила дијаманти и накит проценети на 230 милиони долари, во рамките на аферата во којашто е вмешан внукот на поранешниот авторитарен претседател Нурсултан Назарбаев.
„Во текот на акцијата на потрага во странство, запленети се и на државата вратени дијаманти и накит во вредност поголема од 230 милиони долари“, се наведува во соопштението.
Еше
Накитот е запленет во рамките на новата истрага против претприемачот Кајрат Сатибалди, внук на поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев кој на власт беше 30 години, до 2019 година.
Сатибалди, уапсен во март и обвинет за злоупотреб во државниот телекомунакациски оператор „Казахтелеком“, како и за други кривични дела на штета на државната безбедност, е првиот член на семејството Назарбаев кој е уапсен. Во септември тој беше осуден на шестгодишна затворска казна.
Според наводите на агенцијата за сузбивање на корупцијата, „300 милиони долари кои Сатибалди ги вложил во странски обврзници ќе бидат уплатени во буџетот на Казахстан“, поранешната советска република богата со нафта и гас,
Во јануари годинава, во обидот за преврат за кој казахстанските власти ги обвинија странски држави и беше спречен со помош на силите на блокот предводен од Русија, загинаа 230 луѓе.
Актуелниот претседател Касим Жомарт Токаев е кандидат за реизбор на 20-ти ноември, и по обидот за пуч настојува да ги слаби позициите на приврзаниците на Назаербаев, кои се инфилтрирани во сите државни институции.