Запленета сопственост од 800 милиони евра во Калабрија

Италијанската полиција објави во средата дека запленила сопственост во вредност од повеќе од 800 милиони евра која им припаѓала на тројца браќа осомничени дека се поврзани со калабриската мафија Ндрагета.

Италијанското правосудство со години ги истражувало овие браќа. Едниот од нив е вмешан во судски процес кој сѐ уште трае, а творен е по антимафијашката операција во 2015 година.

Според агенција AGI, станува збор за браќата Франко, Пасквалино и Марсело Пери, синови на Антонио Пери, убиен во 2003 година пред еден од неговите супермаркети.

Спроед истрагата, браќата стекнале „голем профит благодарејќи на врските со мафијата и кршејќи ги правилата на слободниот пазар“.

„Недвижниот имот се состои од бројни компании, супермаркети, еден од најголемите трговски центри во Калабрија на југот на Италија, како и недвижен имот, вклучувајќи две луксузни вили“, се наведува во соопштението на финансиската полиција.

Меѓу конфискуваните средства се тековни сметки, луксузни мотоцикли и „ферари“.