Запленети 100 килограми хашиш на албанско-црногорската граница

Албанската полиција уапси италијански државјанин кој се обидел да прошверцува 100 килограми хашиш преку преминот Хан Хоти на албанско-црногорскатра граница.Дрогата била скриена во кампинг-возило.

Според полицијата, Италијанецот бил дел од нарко група чија база била во северниот албански град Скадар. Групата шверцувала дрога преку канал кој поаѓал од Албанија, минувал низ Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија и завршувал во Италија.

Полицијата го уапси и Паулин Фуша, сопственик на неколку луксузни угостителски објкети во Скадар, кој е осомничен дека е главен организатор на шверцерската група.

Ова не прв случај во шверц на албанска дрога да се јавуваат италијански државјани, како што во повеќе случаи нарко шверцери се и грчки државјани.