Италијанската полиција заплени повеќе од 130 милиони евра во амтимафијашка рација, соопштија властите во вторникот.
Рацијата била насчена кон разбивање на криминалните организации Ндрангета и Камора, главно на подрачјето на главниот град Рим, кои биле вклучени во перење пари, соопштија властите.
Приведени се вкупно 18 осомничени. Повеќе од 50 други се под истрага. Обвинети се за перење пари, лихварство и изнуда.
Повеќе од 500 полицајци беа вклучени во операцијата во Рим и неколку други италијански градови.
Ндрангета од Калабрија и Камора од Неапол, заедно со Коза Ностра од Сицилија, се меѓу најмоќните криминални групи во Италија со децении. Сите три организации долго време работат далеку надвор од нивните матични области, вклучително и во странство.
Светскиот промет на Ндрангета се проценува на повеќе од 50 милијарди евра годишно, главно преку бизнисот со дрога.