Шпанската гранична служба соопшти дека на југот на Шпанија пресретнала брод кој превезувал 18 тони хашиш и уапсила седум членови на екипажот.Бродот бил пресретнат во саботата на 19 април, во водите долж островот Алборан, се наведува во соопштението на граничната служба.
На бродот се наоѓала роба која е натоварена во Казабланка и во Мароко. Двата патролни брода на граничната служба пресретнале товарен броди и го испратиле до Алмерија.
Ова е седма акција од овој тип, од јуни минатата година. Благодарејќи на властите во Франција, Италија, Шпанија вкупно се запленети 90 тони хашиш.Шпанските власти кон средината на март запленија 12 тони хашиш на еден брод и во таа прилика уапсиле осум членови на екипажот, пренесуваат агенциите.