Речиси 30 килограми марихуана наменети за нарко пазарот во Македонија запленила албанската погранична полиција.
Според телевизијата „Ора њус“, дрогата ја шверцувале две лица, кои биле забележани од полицијата во непосредна близина на граничниот премин Ќафасан, во близина Струга, во два часот по полноќ.
Две лица ги оставиле вреќите со дрога и во мракот успеле да побегнат во шумата. Во трите вреќи пронајдени се 25 пакетчиња со марихуана, се наведува во полициското соопштение.
Полицијата работи на идентификација на нарко шверцерите и нивните соработници од двете страни на границата.