![IMG-3ead7a800fa4641c7890264ebab73de6-V[9410]](https://netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/IMG-3ead7a800fa4641c7890264ebab73de6-V9410.jpg)
Полицијата запленила 30 килограми марихуана, вчера во куќа во тетовско Јажинце, информираше МВР.
– Врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во куќта на Е.М. (52) , а во една од собите биле пронајдени 29 пакувања со марихуана, завиткани со најлонска фолија, со тежина од околу 30 килограми. Полицајците пронашле и дигитална вага, еден куршум калибар 7,62 милиметри, две зрна од непознат калибар со различна големина и мало најлонско ќесе со хашиш. Пронајдените предмети со потврда биле одземени и предадени на вештачење, додека пак Е.М. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка- велат од МВР.
По целосно расчистување на случајот, против Е.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Исто така, вчера, врз основа на претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес и во дом и помошни простории на М.С.(39) во Тетово. Притоа биле пронајдени два пиштоли, кои тој ги поседувал без дозвола, едниот марка „Валтер П99“ со рамка со пет куршуми, калибар 9 милиметри, а другиот „Застава“ со рамка со седум куршуми, калибар 6,35 милиметри. По ова, М.С. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. По целосно документирање на случајот и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.