Во текот на минатата седмица царинските службеници открија четири царински измами и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, домашна ракија, делови за апарати за игри на среќа, спрејови и раствор за инјекции за животни, хербициди и фалсификати.
Сума од 12.700 евра, откриени на скопскиот аеродром „Александар Велики“, при личен претрес на турски државјанин кој имал намера да отпатува со лет за Истанбул. Во предниот и задниот десен џеп од панталоните на патникот биле пронајдени 22.700 евра за кои не поседувал документ за потекло или потврда за пријавени готови пари при влез во Република Македонија. Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок е поведена прекршочна постапка.
Во друг случај откриени се 5.000 евра при контрола на автомобил со германски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Во една од преградите на рачната ташна на возачот се пронајдени вкупно 7.000 евра, за кои истиот не поседувал документи за потекло. На возачот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок е поведена соодветна постапка.
Осуманесет 18 литри домашна ракија се откриени при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавени за излез од државата на граничниот премин Дојран. Непријавените производи, пронајдени во десниот страничен магацин на влекачот, како и во горниот кревет и на подот од возачката кабина, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
Количество 333 парчиња делови за апарати за игри на среќа (кабли со конектори, графички картички, матични плочи, алуминиумски плочки, читачи за банкноти, пластифицирани логоа, мемориски и СИМ картички), откриени на скопскиот аеродром „Александар Велики“, при контрола на личниот багаж на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Дубаи. Непријавената стока е привремено задржана, а против патникот е поведена прекршочна постапка.
Дванаесет спрејови за рани и инфекции на животни (Chlortetraciline 200 ml) и 3 шишиња од 100 ml раствор за инјекции за животни (антибиотик Tilmicosin 300), откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Јажинце. Непријавените производи, пронајдени под тапацирот во наслонот на совозачкото седиштето, под возачкото седиште и во просторот наменет за сетот за прва помош, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.
Запленети се и 12 шишиња хербициди од по еден литар, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Делчево. Непријавените производи, пронајдени во касетата за документи пред совозачкото седиште, под совозачкото седиште и под задните седишта на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.
Македонските цариници иоткриле и заплениле стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост. Така 144 парчиња женски обувки со ознака на заштитена трговска марка, откриени при контрола на товарно моторно возило со турски регистарски ознаки, пријавено за влез во државата на граничниот премин Дојран, кое пренесувало стока од турски извозник, наменета за увозник од Косово. Пазарната вредност на сомнителните обувки е проценета на околу 864.000 денари, доколку би се продавале како оригинали.