![marihuana](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/marihuana.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Италијанската полиција заплени повеќе од два тона марихуана, која била транспортирана со рибарски брод, а чија што вредност се проценува на околу 10 милиони евра.
Во полициска акција се уапсени осум лица од Сицилија. Според оперативните сознанија на италијанската полиција, марихуаната има албанско потекло и била натоварена на рибарски брод на грчкиот остров Крф, а била спакувана во 125 пакети.
Рибарскиот брод е задржан веднаш по влегување во италијански територијални води, јавуваат албанските медиуми.
Албанија е најголем произведувач на марихуана во регионот и месечно во земјите на релација Италија и Грција се запленуваат десетина тони марихуана.