Запленети милионси суми лажни евра и долари во Софија

Бугарската полиција и Канцеларијата на градското обвинителство на Софија, заплениле фалсификувани пари во долари и евра во тек на една акција во главниот град на Бугарија.

Фалсификуваните пари во вредност од четири милиони долари и 3,6 милиони евра, биле штампани во просториите на Универзитетот во Софија, пренесува БТА.

„Бугарските институции за спроводување на законите, продолжуваат активно да ги штитат интересите на ЕУ и нашите американски партнери“, изјави државниот обвинител Иван Гешев.