Запленети околу 1.500 парчиња пиротехника во светиниколско

Полициски службеници од ОВР Свети Николе вчера извршиле преглед во продажен објект во с.Амзабегово, светиниколско, сопственост на А.Б.(52) од с.Амзабегово.

При прегледот биле пронајдени и одземени околу 1.apзаплена500 пиротехнички средства. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, соопшти МВР.