![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/11/kokain.jpg?resize=696%2C387&ssl=1)
Шпанската полиција денеска откри и заплени 13 тони кокаин. Дрогата е откриена во пристаништето Алгесирас, а била скриена во контејнери со банани од Еквадор.
Во операцијата едно лице е приведено, а извршени се рации во домови и во канцеларии во Мадрид и во Аликанте. Полицијата распиша и потерница по два директори на компании за увоз.
Според шпанската полиција тоа е најголема заплена на кокаин во Шпанија, втора по големина во Европска Унија и трета најголема во светот.