Царината на царинската испостава Тетово во патничко возило со македонски таблички заплени 1.400 парчиња пасти за заби, за кои се верува дека се фалсификат, во вредност од 1.560 денари.
Пастите за заби биле со лого на позната заштитна трговска марка, a оригиналните производи од заштитенa трговскa маркa во малопродажба би достигнале вредност од околу 56.000 денари.
Исто така поради сомнеж дека се фалсификат се задржани 151.200 парчиња тоалетни сапуни со лого на заштитена трговска марка со потекло од Турција. Сапуните се откриени при вршење на контрола на возило со албански таблички, а истите биле наменети за фирма увозник од Тетово.