Морнарицата и воената полиција на Гвинеа заплениле околу три тони кокаин што го пронашле скриен на брод закотвен во водите на Гвинеја, соопштија денеска официјални лица.
Официјални лица од жандармеријата истакнале дека членовите на екипажот биле веднаш уапсени, а се работи за шест жители на Сиера Леоне и еден Гвинеја, пренесува Ројтерс.
Се вели дека трговците со дрога често ја користат Западна Африка како транзитна точка за кокаин на пат од Јужна Америка до Европа.
Ројтерс забележува дека минатата година Гамбија запленила речиси три тони кокаин, Сенегал околу два тона, а заплената на рекордни количини на дрога во Западна Африка се случила во 2019 година, кога на брод во Зеленортските Острови биле откриени 9,5 тони.