Запленетиот имот на Мијалков наскоро ќе оди на јавно наддавање

Конфискуваниот имот на Сашо Мијалков во судскиот предмет „Империја“ за кратко ќе биде објавен на јавното електронско наддавање кое Агенцијата за управување со одземен имот ќе го направи согласно законот и по согласност на Владата, најави денес директорот на оваа Агенција, Дритон Небиу.

-За неколкуте мошне актуелни случаи за конфискација веднаш преземав иницијативи со дадена поддршка и соработка од министерот за правда, Кренар Лога, за нивно обелоденување и што поскоро извршување. Имено, станува збор за случаите „Империја” во врска со имотот на Сашо Мијалков, за „Труст“ или познат како „Трансмет“ и за ,, Бачило”, познат како случај со Иснифарис Џемаили, соопшти Небиу.