Две лица од мариовското село Граешница во битолско, се приведен во саботата, откако при претреси на нивните домови се откриени оружје и муниција без дозвола, како и марихуана.
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола , по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во дом кај 34-годишниот У.К. во селото Граешница и неговиот 29-годишен соселанец Ш.К..
При претресoт пронајдени и одземени се автоматска пушка, ловна пушка, сигнален пиштол, воздушна пушка, 60 куршуми за автоматска пушка, девет патрони за ловна пушка, марихуана, 566 семки канабис, како и други предмети.
Лицата се лишени од слобода и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна кривична пријава.