Започна четиридневниот штрајк на таксистите во Грција

Таксистите во Грција од утрово започнаа два 48-часовни штрајкови, поради новиот предлог-закон за даноци и начин на оданочување. Атина без такси ќе биде утре и задутре, јави МИА од Атина.

Од Федерацијата на такси возила во цела Грција соопштија дека штрајкот е од денеска во пет часот наутро и ќе трае до петок во исто време, а паралелно ги повикаа синдикатите на таксистите од земјата масовно да учествуваат.

– Да нема ниту едно такси на улиците, Владата мора да разбере дека нашиот сектор се уништува, пишува во соопштението.

Таксистите во Атина, организирани од нивниот Синдикат, од своја страна донесоа едногласна одлука да одржат 48-часовен штрајк утре и задутре за да го изразат нивното незадоволство за новиот закон.

Ова е втор штрајк на таксистите во Грција за помалку од две седмици. Претходно, 24-часовен штрајк, од истите причини, се одржаа на 22 ноември.