
Во индустриската зона Инваниндол 2,Кичево, започна изградбата на фабрика за биогас. Инвестицијата е вредна над еден милион евра, а истата е на кичевчанец кој е на привремена работа во Швајцарија.
Предвидено е фабриката да има капацитет на производство од околу 3.000 кубни метри биогас на ден.
Инвестицијата се очекува да се придонесе за подобрување на економијата во овој дел на државата, како и позитивно да влијае врз намалувањето на невработеноста во кичевскиот регион.