Во Радовиш денес започна изградба на новата технолошка индустриска развојна зона – ТИРЗ Радовиш која е во површина од 9.75 хектари.
„Ние пред изборите дадовме едно ветување, тоа ветување беше дека овде во Радовиш ќе започне и ќе се изгради ТИРЗ зона – еве денес сме овде и ја почнуваме изградбата на оваа технолошко индустриска зона, тоа што го ветивме и го реализираме.Во текот на месецов треба да биде поставен камен темелник и за изградба на ТИРЗ Струга, а во тек е тендер за избор на компанија која ќе ги изврши градежните активности за изградба на ТИРЗ Ранковце. Владата донесе одлука и за основање технолошко индустриски развојни зони во Берово, Делчево и во Виница, со тоа се заокружуваат 14 од 15-те предвидени ТИРЗ од Програмата за работа на Владата на Република Македонија,“ изјави премиерот Никола Груевски.
Градоначалникот на општина Радовиш, Сашко Николов истакна дека во технолошко-индустриска развојна зона ќе се сместат нови инвеститори и ќе бидат отворени нови работни места.
„Овој наш сон стана реалност благодарение на визијата, посветеноста и пожртвуваноста на Владата на Република Македонија предводена од Премиерот Никола Груевски. Со овој проект ја вративме надежта кај секој граѓанин на Радовиш, за поквалитетен и попросперитетен живот,“ изјави Николов.