
Започна пријавување на тимови за традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ и ќе трае до 28-ми август.
Бројот на пријавени екипи е ограничен на 40. Ќе се игра како и во изминатите години на игралиштето „Сокол“ во школскиот двор на ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ во скопската населба Карпош 1.
Извлекувањето на групите е на 30-ти август а турнирот започнува како и секогаш на 1-ви септември со почеток во 20:00 часот.