Започна реализаијата на првата фаза од проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар

Екипите на ЈП Улици и патишта, деновиве на терен интензивно работат на реализацијата на првата фаза од проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на реката Вардар. Градежните активности се одвиваат на потегот од мостот Мајка Тереза до Железничкиот мост, каде што се врши на ископ на нефункционалната и запуштена патека, при што се отстрануваат старите и оштетени плочи.

На овој потег, постоечките патеки се со должина од 750 метри и широчина од 3 метри, а досега е извршен ископ во должина од 550 метри. По завршувањето на овие градежни активности, екипите ќе реализираат активности за целосна обнова и продолжување на постоечките патеки. Истовремено, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ реализираат активности за хортикултурно уредување на овој потег.

Реконструкција на левата страна на кејот на реката Вардар ќе се одвива во три фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило, пешачки, вело патеки и нова урбана опрема во интерес на сите граѓани. Првата фаза, чија реализација е во тек, е на потегот од мостот „Мајка Тереза“ до ПИОМ, втората до паркот на езерата во Аеродром и третата, до мостот „Тодор Александров“ во општина Аеродром.