![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/10/Capture-1.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Јавното претпријатие за државни патишта преку Програмата за одржување и заштита на државните патишта склучена со ЈП за одржување на магистралните и регионалните патишта инвестира во обнова и рехабилитација на повеќе патни правци во државава.
Во согласност со Програмата започнати се градежните активности на регионалниот патен правец Р1206 на делницата Тетово-Мала Речица-Пирок.
Рехабилитацијата ја вршат екипите на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патишта. Издвоената вредност за рехабилитација е 40.000.000 денари, информираат од претпријатието.