Започна „Супервторникот“ – моментот на вистината за Сандерс, Бајден и Блумберг

Започна „Супервторникот“ или „Денот Д“ кој во 14 американски сојузни држави траба да покаже кој од потенцијалните кандидати најцврсто ќе се позиционира за стекнување на номинацијата на Демократската партија за трката за Белата куќа на 3-ти ноември притив републиканскиот претседател Доналд Трамп.

Таканаречениот „Супервторник“ ќе открие дали сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, нарекуван од противниците „социјалист“, остварил предност којашто не може да се надомести, или тоа ќе му појде од рака на поранешниот потпретседател Џо Бајден. Непознато е и дали третиот кандидат кој им се вклучува во траката, милијардерот и поранешен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумбер, ќе им ги помати сметките и ќе освои дел од гласовите на „центристот“ Бајден.

Меѓутоа, без оглед на исходот од гласањето на демократите, денешниот ден ќе биде битка меѓу седумдесетгодишници. Бидејќи во трката за демократската номинација останаа пет политичари, од кои четворица се сениори: Џо Бајден има 77 години, Берни Сандерс и Мајкл Блумбер имаат по 78 години, сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен е 70-годишна, а само пратеничката во Претставничкиот дом по потекло од Американска Самоа, Тулси Габард е помлада, има 38 години.

„Денеска е Денот Д“, напиша Бајден на Twitter коа започна гласањето во различните американски сојузни држави, меѓу кои се Калифорнија, Тексас, Северна Каролина и Вирџинија, кои даваат голем број делегати потребни за номинацијата.

На ткн „Супервторник“, предизборите се одржуваат во 14 сојузни држави, од Мејн на североистокот преку Алабама на југ до Калифорнија на западот, ќе даде појасна слика за тоа што гласачите ширум земјата мислат за демократските кандидати. Значењето на „Супервторникот“ се состои во тоа што 14-те држави и една територија избираат 1.357 од 3.979 севкупни делегати, што е речиси една третина, која на Демократската национална конвенција од 13-ти до 16-ти јули во Милвоки ќе решаваат за кандидите на партијата за претседател и потпретседател на САД. За некој од кандидатите на конвецијата да ја добие довербата за претседателски кандидат, би требало да освои гласови од половината од сите 3.979 кандидати до крајот на сезоната на предизборите.

Првите избирачки места ќе се затворат во 1 часот по полноќ во средата по средноевропско време.

Фаворитот Бајден, социјалистот Сандерс и милијардерот Блумберг

Долго време сметан за главен фаворит но начнат со лошите избори во претходните кругови од предизборите, Џо Бајден, успеа да оствари ивонреден успех во неделата на предизборите во Јужна Каролина да освои 49 отсто од гласовите, благодарејќи на силната поддршка од црните гласачи.

Неговите изгледи дополнително пораснаа со излегувањето од трката на потенцијалните демократски кандидати кои решија токму нему да му ја дадат поддршката: сенаторката од Минесота, Ејми Клобучар, и Пит Бутиџиџ, градоначалник на Саут Бенд во Индија, кој беше изненадувачки супериорен победник на предизборите во Ајвоа и второпласиран во Њу Хемпшир. Бајден се претставува како човек „кој гарантира“ резултати наспроти Сандерс кој „верува револуција“.

Берни Сандерс го презема водството во демократската трка по минатонеделната победа во Невада. Американските избирачи ги сметаат неговите ставови за „премногу леви“, од каде и доаѓа неговиот, речиси погрдно конотиран прекар – „социјалист“. Сандерс ја брани здравствената грижа како човеково право и во дебатите тврди дека економската агенда е и агендата на социјалната справедливост, вклучително и планот „Medicare for All“, кој би го заменил приватното здравствен осигурување со владина програма, што американскиот народ го поддржува.

Мајкл Блумберг, како поранешен успешен градоначалник на Њујорк и половината милијарда долари сопствени пари ставени во кампањата, би можеле да го направат единствениот кандидат способен да го победи републиканскиот милијардер Доналд Трамп. И покрај тоа што Блумберг зауби во двете први предизборни дебати.

Според анкетите, за „Супервторникот“ Берни Сандерс победува во Калифорнија, Тексас и во Вирџинија. Северна Каролина е наклонета на Џо Бајден. Мајк Блумберг и сенаторката Елзибет Ворен, која исто така ја сместуваат на левата страна од политичкиот спектар, имаат помалку шанси да победат во некој држава.

 

Колкави се влоговите по држави

Влогот на „Супервторникот“ е голем – 1.357 делегати за националната конвенција на Демократската партија накоја формално се бира претседателскиот кандидат. За споредба, државите во коишто предизборите завршија во февраури, вкупно носат само 155 делегати.

Најголемо значење има Калифорнија, најнаселената американска сојузна држава, која дава 415 делегати, но важи како многу бавна во броењето на гласовите. Таму избирачките места се затвораат во 5 часот наутро во среда по средноевропско врме. Сандерс, според анкетите, има убедливо водство во Калифорнија.

Следи Тексас со 229 делегат. Во оваа сојузна држава се очекува многу тесна трка меѓу Сандерс и Бајден.

Северна Каролина носи 110 кандидати, а Вирџинија 99. И во овие држави се очекуваат, исто така, тесни трки со мала предност на Бајден во анкетите.

Повеќе од педесет делегати уште носта Масачусетс – 91, Минесота – 75, Колорадо – 67, Тенеси – 64 и Алабама – 52 делегата.

Претседателот Доналд Трамп, кој често се вмешува во кампањата на демократите, тврди дека „картите се наместени“ за да го оштат Берни Сандерс, алудирајќи на скандалот од 2016 година кога протече во јавноста непријатната преписка на врвот на демократите со инструкции како да се саборите кампањата на сенаторот во полза на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон. Но републиканецот ги напаѓа и сите други можни демократски противкандидати.

„Малиот Мајк Блумберг нема никогаш да закрепне од дебатите на кои покажа некомпетентност“, напиша на Twitter Трамп во вторникот утрото, а потоа се настрви на Бајден со „Заспаниот ЏиКое не знае ни каде е ни што прави!“.