Започна традиционалната акција „Подари пакетче, подари љубов” на хуманитарната организација „Свети Спас”

Денес, понеделник, 25.12.2023, Хуманитарната Организација “Свети Спас” официјално започна со традиционалната акција „Подари пакетче, подари љубов”.

Голем број на волонтери од денес до среда (27.12.2023 год.) ќе бидат на следните пунктови и ќе очекуваат донации од пакетчиња од хуманите граѓани на следниве локации:
1. ВЕРО ТАФТАЛИЏЕ од 12.00 часот до 20.00 часот;
2. ВЕРО ЏАМБО од 12.00 часот до 20.00 часот;
3. СУПЕРТИНЕКС на бул. “Борис Трајковски” од 12.00 часот до 20.00 часот и
4. СТОКОМАК – Драчево од 12.00 часот до 20.00 часот.

„И оваа година хуманитарната организација „Свети Спас” пакетчињата ќе ги подели на дечињата од социјално загрозените семејства, на дечињата без родителска грижа, на дечињата со посебни потреби, прифатниот центар Визбегово… Да не заборавиме: Кога љубовта се дели, таа сѐ повеќе се размножува. Да подариме пакетче и да добиеме детска насмевка“, соопштија од таму.