Започна вториот ден од референдумот за новиот Устав на Египет

Во Египет започна вториот ден од референдумот, на кој Египќаните треба да се произнесат по новиот Устав, предложен од властите по соборувањето од власт на претседателот исламист Мохамед Морси, пренесе „АФП“.

Ова е втор и последен ден од гласањето во Египет.

Се очекува Уставот да биде одобрена и покрај бојкотот на поддржувачите на исламистичкото движење „Муслимански браќа“ на Морси.

Денеска во земјата започна вториот ден од референдум за донесување на новиот Устав на земјата.

Проектот предвидува повеќе права за граѓаните кои сепак, по оценка на активистите, обезбедува привилегии и на бездруго моќната армија.

Речиси 53 милиони египетски граѓани имаат право да гласаат за новиот Устав. Во двата изборни денови 30 илјади избирачки места ќе бидат набљудувани од речиси 14.000 судии и ќе бидат обезбедувани од 160.0000 припадници на силите за безбедност.