Започнаа подготовките на А фудбалската селекција

Македонската А-репрезентација ја очекуваат два пријателски меча со Финска и Азербејџан кој ќе се одиграат на 17-ти и 20-ти ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Двата дуела ќе се емитуваат на Спортклуб, а селекторот Благоја Милевски од вечерва ги започна подготовките.

Во репрезентацијата се врати и Илија Несторовски, поради повредна нема да настапат Аријан Адеми, Александар Трајковски, Тихомир Костадинов, Ердон Даци, Милан Ристовски и Дарко Чурлинов.